Триатлонецот Димитар Јованоски од Струга и тренерот-селектор Никола Кутаноски одат во Италија на европски јуниорски куп

- Останати, Спорт
1057
Димитар Јовановски oд Струга и Иво Јован Димовски од Скопје се  триатлонците, кои денеска заминуваат за Карол, Италија на европски јуниорски куп, во конкуренција на 100 натпреварувачи.
По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција, на која директорот Наумче Мојсовски им посака успешен настап и најава за уште поголема поддршка, која овие младинци наскоро ќе ги стави во улога на сериозни кандидати и во сениорска конкуренција.
На прес конференцијата свои излагања имаше претседателот на Триатлон федерацијата Иван Михајловски, како и тренер-селекторот Никола Кутаноски.
Тие го најавија и настапот на Националното првенство во триатлон закажано за 29-30 мај во Дојран, како и Европското првенство за јуниори и сенири закажано за 18-21 јуни во Кицбил, Австрија.
За почетокот на јуни е најавен и настапот на интернационалните судии во триатлон, Иван Михајловски и Бојан Николовски на Европски елитен куп, кој од 5-6 јуни ќе се одржи во Дњипро, Украина.
Strugaonline
фото: архив

Facebook Коментари