ЕХФ ги одложи натпреварите на Вардар и ПИК Сегед во Лигата на шампионите

- Спорт
495

 

Европската ракометна федерација по состанокот со сите клубови осминафиналисти донесе одлука да ги одложи натпреварите што беа закажани на крајот на март.

Вардар требаше да се соочи со ПИК Сегед на 22 март во Скопје и на 29 март во Сегед, но тие натпревари нема да се одиграат поради актуелтната ситуација со коронавирусот.

Aлтернативни датуми за овие натпревари се уште не се објавени.

Facebook Коментари