Екипата на Вардар вечерва му гостува на Пик Сегед во рамките на ЛШ

- Спорт
311

Екипата на  Вардар вечерва  му гостува на Пик Сегед во натпревар од 7. коло во Лигата на шампионите.

ЕХФ попладнево ги објави официјалните тимови и играчите кои се пријавени за натпреварот од 18:45 часот, на кој нема да настапат Жереми Тото и Жоел Куни Моралес.

Избраниците на Веселин Вујовиќ по одличниот старт со реми и две победи, имаа три порази во низа, љубителите на ракометот очекуваат победа вечерва и излез од резултатската криза која настана токму со претходните три порази.

Натпреварот  се игра во Сегедин е со почеток во 18.45 часот.

Facebook Коментари