Еурофарм Пелистер и Вардар ќе играат во финалето од Купот на Македонија

- Спорт
295
 РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар 1961 ќе играат во финалето од Куп на Македонија во машка конкуренција, откако вчера во полуфиналните натпревари беа поуспешни од РК Пролет 62 (28:21) , односно РК Алкалоид (22:31).
Финалниот натпревар ќе се оддигра на 13.05.2023 (сабота) во СС „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 18:00 часот.
Натпреварот ќе биде емитуван во живо на МРТВ, и на официјалниот YouTube канал на РФМ.

Facebook Коментари