Франција е новиот европски шампион во ракомет

- Спорт
69

Репрезентацијата на Франција е новиот европски шампион, откако во неизвесното финале по продолженија славеше над селекцијата на Данска со резултат  33:31.

Регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено 27:27, па победникот беше избран во продолженија од по пет минути.

За Франција ова е четврто освоено злато на Европските првенства. последен пат „триколорите“ беа златни во 2014 година на континенталниот собир во Данска.

Новиот европски шампион во победата над актуелниот светски шампион беше предводен од кружниот напаѓач Лудовик  Фабрегас, кој постигна осум погодоци.

Facebook Коментари