Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер пред домашната публика ја надигра Висла Плоцк со 21:18 во натпревар од 10. коло од Лигата на шампионите. За Еурофарм Пелистер ова беа два важни бода, со кои ќе бидат многу блиску до пласман во осминафиналето.
Најефикасен во таборот на Еурофарм Пелистер беа Филип Кузмановски со седум гола и Никола Митревски со 11 интервенции.
До крајот од групната фаза во европската елита треба да се одиграат уште четири дуели.
StrugaOnline
Facebook Коментари