КЛ7 и РК Струга вчера одиграа реми во рамки на Суперлигата

- Спорт
56

Тимот на КЛ 7 дојде до првиот бод во суперлигата на вчерашното гостување кај РК Струга. Гол за реми во последната секунда постигна Емилијан Ѓоргиевски, па натпреварот заврши со резултат 23: 23. На полувреме беше 8-9.

Најефикасни во екипата на РК Струга беа Пеце Рајатоски со 6 голови, Богдан Николиќ со 5 и Вук Лакичевиќ со 4. Кај гостите најдобри беа Емилијан Ѓорговски со 5 и Андре Буторац со 4 гола.

Strugaonline

Facebook Коментари