Квалификации за ЕП 2020: Македонија ја совлада селекцијата на Летонија со 3:1

- Спорт
599

Во квалификациите за ЕП 2020, во првото коло Македонија на домашен терен победи против селекцијата на Летонија со резултат 3:1. Првиот гол нашите фудбалери го постигнаа во 11та минута од натпреварот, прв мрежата ја затресе Езџјан Алиоски.

Во 29та минута за 2:0 погоди Елиф Елмас.

Во вториот дел нашите фудбалери имаа мал пад на темпото. Во 87та минута за Летонија гол постигна Исајевс, тој гол со глава донесе резултат 2:1.

Натпреварот беше решен благодарение на младиот Еелмас кој постигна атрактивен гол со лоб –удар. На овој начин, Македонија има стартни три бода, а состојбата во нашата група Г изгледа вака:

Македонија 3 – 1 Летонија

Израел 1 – 1 Словенија

Австрија 0 – 1 Полска

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари