Maкедонија денеска го започнува настапот на ЕП, прв противник ни е Словенија

- Спорт
339

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација денеска од 18:00  часот , го започнува  својот нов настап на завршницата на Европското првенство што се одржува во Унгарија и Словачка.

Прв против на Македонија е селекцијата на Словенија.

,,Словенија е една репрезентација која има играчи што настапуваат во Кил, во Кјелце, во Веспрем и со самиот тој факт сум кажал многу. Селекторот на Словенија располага со изградени играчи, готови играчи и од старт има голема предност. Меѓутоа што е тука е, ние сме Македонија, нема да одиме со бело знаме, ќе одиме со респект. терен утре тоа ќе го покажеме“,изјави селекторот Лазаров на вчерашната средба со новинарите.

После денешниот натпревар, на 15-ти јануари  следува натпреварот  со Црна Гора  и на 17 јануари е средбата со Данска.

Facebook Коментари