Македонија ја освои ракометната титула „Трофеј Карпати“ во Романија

- Спорт
507

Сениорската репрезентација на Македонија со победата против Романија, го освои Трофеј Карпати во Букурешт, Романија.

Нашата сениорска репрезентација во полуфиналето го совлада Алжир со резултат 25-24, на полувреме (15-9). Вториот полуфинален натпревар помеѓу Холандија и Романија заврши во корист на Романија.

Почетокот на натпреварот помеѓу Македнија и Алжир започна изедначено, се до 18-тата минута кога Македонија го имаше и најголемото водство од три погодоци (8-5). До крај на полувремето Македонија ја зголеми предноста и на полувреме имавме предност од 15 -09.

Второт полувреме му припадна на Алжир, наметна добра и цврста игра во одбрана и беа посигурни во нападот, но сепак не успеаа да дојдат до триумф. На крај Македонија славеше пласман во финале, а конечниот резултат беше 25-24. Танкоски беше најефикасен ракометар со 8 постигнати погодоци.

Во финалето се сретнаа репрезентациите на Македонија и Романија, натпреварот започна во корист на Роминаја, поведе со 2-0. До крај на полувремето се играше доста изедначен натпревар, за на полувреме резултатот да биде 12-10 за Романија.

Нашата репрезентација во второт полувреме одигра многу подобро и во одбраната и во нападот и во 37-мата минута го изедначи резултатот 14-14. Сениорите со истото темпо и игра одиграа до крајот на натпреварот и на крај славеа победа со конечни 24-20. Најефикасен ракометар беше Марио Танкоски со 8 постигнати погодоци.

По завршување на финалето се одржа кратка церемонија во која Марио Танкоски беше прогласен за најдобар играч на турнирот, а Никола Митревски беше прогласен за најдобар голман на турнирот.

Извор и фото: РФМ

Facebook Коментари