Македонија одигра нерешено (1:1) со Израел во квалификациите за ЕП 2020

- Спорт
116

Во рамките на квалификационите натпревари за Европското првенство  2020, македонската фудбалска репрезентација синоќа одигра реми (1:1)  на гостински терен со селекцијата на Израел. Нашата репрезентација имаше организирана игра која создаде многу шанси, но реализирана беше само една. Израел со голот на Захави поведе во 55. минута, но Адеми израмни во 64. минута. Елиф Елмас имаше прекрасна шанса за победа во судиското продолжение, но не успеа да погоди.

Нашите фудбалери имаа одлично прво полувреме со брилијантна игра на Барди,  Алиоски и Елмас.

Во второто полувреме, Израел нападна по крилните позиции и по само десетина минути игра Захави погоди за водство. За голема радост на Македонија, девет минути подоцна погоди Адеми.

Со овој нерешен резултат, Македонија освои еден бод.

Следен противник на нашата репрезентација е селекцијата на Летонија. Натпреварот се игра во понеделник во Рига.

Strugaonline

Facebook Коментари