Maкедонија славеше над Косово, мечот со Грузија е последна пречка до настап на ЕП

- Спорт
68

Репрезентацијата на Македонија ја совлада екипата на Косово  со 2:1 и  се пласираше во финалето од плеј-офот за пласман на Европското првенство.

Сега, од настап на своето прво големо фудбалско натпреварување ја дели само мечот со Грузија што ќе се игра на 12 ноември во Тбилиси.

Нашите фудбалери  на два пати поведоа во резултатот, а им беа поништени и два гола по преглед на ВАР системот – на капитенот Горан Пандев и на Аријан Адеми.

 

Facebook Коментари