Македонија утре и’ гостува на Италија во бараж за пласман на ЕП во Катар

- Спорт
426

Македонската фудбалска репрезентација утревечер ќе се соочи со  селекцијата на Италија во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар.

Натпреварот ќе се игра на стадионот  „Ренцо барбера“ во Палермо од 20:45 часот.

Победникот во финалниот бараж на 29 март ќе игра против поуспешниот од дуелот меѓу Португалија и Турција. Во случај на победа, македонските фудбалери повторно би играле на гостински терен.

Италија е актуелен Европски првак и важи за голем фаворит на утрешниот натпревар со нашата фудбалска репрезентација.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари