Македонската машка сениорска ракометна репрезентација попладнево отпатува за Унгарија, каде од четврток ќе го започне својот нов настап на завршницата на Европското првенство што ќе се одржува во Унгарија и Словачка.
По речиси три неделни подготовки и три одиграни контролни натпревари, македонските ракометари со чартер лет заминаа за Унгарија. Предводени од селекторот и капитен Кирил Лазаров, нашата селекција ќе игра во А групата чиј домаќин е градот Дебрецин, каде попладнево ќе го одржат првиот тренинг.
Голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајкоски
Леви крила: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски
Леви бекови: Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови: Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев, Горан Крстевски
Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила: Никола Костевски, Гоце Георгиевски
Во експедицијата ќе ги нема голманите Никола Митревски и Марко Кизиќ, крилото Гоце Ојлески, левиот бек Михајло Младеновиќ и кондицискиот тренер Петар Баснарков, кои се петмината позитивни на ковид 19 на последното тестирање направено вчера.
Facebook Коментари