Maкедонската репрезентација падна за три места на најновата ФИФА листа

- Спорт
107

Репрезентацијата на Македонија забележа пад од три места во споредба со минатиот месец, и сега се наоѓа на 68-та позиција со 1362,7 поени на најновата ранг листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), објавена денеска.

Ова се должи на тоа што македонската репрезентација во минатите неколку месеци немаше никакви активности.

Без промени е и во поредокот меѓу првите 10 репрезентации. Светскиот првак, Аргентина е на првата позиција, пред Франција, Англија, Белгија, Бразил, Холандија, Португалија, Шпанија , Италија и Хрватска.

Од противниците на Македонија за следното издание во Лига на нации (ЛН), Ерменија е на 94-то, Фарски Острови на 135-то, а Летонија на 136-то место.

Facebook Коментари