Норвешка се откажа, само Данска ќе биде домаќин на Европското првенство

- Спорт
352

Норвешката ракометна федерација денеска објави дека нема да може да биде организатор на следното Европското првенство од 3 до 20 декември.

ЕХФ и даде рок на Норвешка до денеска да се изјасни дали прифаќа строгите мерки да ги „олабави“ за да бидат исти со оние во Данска, но тамошните власти решија дека тоа не е можно.

Ова беше најавено уште од поодамна, но дури денеска беше официјализирано, па со оглед на тоа што нема доволно време, сигурно е дека нема да се бара нов организатор, туку двете групи од Норвешка се „селат“ во Данска.
Извор : 24rakomet.mk

Facebook Коментари