РК Струга после паузата започнаа со тренинзи за новата сезона

- Спорт
459

РК Струга кои се дел од Супер машката лига полека почнуваат со подготовките за новата сезона и сите влегуваат во тренажниот процес кој е нормален за овој период од годината, па сега одново влегуваат со амбиции за висок пласман во суперлигашкото друштво.

На почетокот на тренинзите се појавија и новите крила Бобан Блажески кој после долго време се враќа во својот матичен клуб и Славе Јанкоски кој доаѓа од екипата Астраион од Струмица.

РК Струга и оваа година од 12-ти до 15-ти август во Струга ќе игра на 49-то традиционален Меѓународен ракометен турнир ,,Струга 2021“ заедно со РК Вардар од Скопје, РК Металург од Скопје, РК Еурофарм Пелистер од Битола, РК Бутел од Скопје и ГРК Тиквеш од Кавадарци.

StrugaOnline

Facebook Коментари