РК Вардар со убедлива победа против првакот Монпеље

- Спорт
604

Вардар убедливо славеше против европскиот првак Монпеље со резултат 33:27

Натпреварот во Скопје започна одлично кога Вардарци водеа со 7:0, но своите шанси ги користеше и францускиот тим, па на одмор отидоа со резултат 16:13 за нашите ракометари.

Во вториот дел од натпреварот Монпеље се обидуваше да го стопи водсството, но Вардарци не го дозволија тоа, па се одлепија и со комотни 6 разлика. На крај славеа со 33:27.

Откако Веспрем победи  кај Кјелце, со овие резултати Вардар заврши на третата позиција на табелата.

Strugaonline

фото: РК Вардар

Facebook Коментари