„Сонкал“ – Мислешево блесна на Државното првенство во Таеквон-До
Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во традиционално Таеквон-До ИТФ, во организација на Македонската традиционална теквондо федерација. На настанот учествуваа натпреварувачи од повеќе клубови од целата држава, кои се натпреваруваа во две дисциплини.
Вкупно 88 натпреварувачи ги одмерија силите, при што клубот „Сонкал“ од Мислешево настапи со осум натпреварувачи и постигна извонредни резултати. Со освоени 6 златни, 4 сребрени и 3 бронзени медали, како и 2 пехари за најдобри поединци, клубот го освои високото второ место во генералниот пласман.
Особено се истакнаа младите натпреварувачи кои со своите настапи потврдија дека клубот располага со сериозен потенцијал и квалитет.
Поединечни резултати:
-
Јаков Гагалески – 1. место форми, 1. место борби и пехар за најдобар поединец (8–9 години)
-
Дамјан Гагалески – 2. место форми, 2. место борби
-
Кристијан Гагалески – 3. место форми, 1. место борби
-
Теодор Ѓорески – 1. место форми, 1. место борби и пехар за најдобар поединец (10–11 години)
-
Дамјан Секулоски – 2. место форми, 2. место борби
-
Лука Милошески – 1. место форми, 3. место борби
-
Павел Џикоски – 2. место форми, 2. место борби
-
Максим Шулески – 3. место форми
Овие резултати претставуваат значаен успех за клубот „Сонкал“ – Мислешево и потврда за квалитетната работа и посветеноста на тренерите и натпреварувачите. Очекувањата се дека ваквите успеси ќе продолжат и на следните натпревари.
StrugaOnline

