Србија на тронот на ЕП во одбојка

- Спорт
438

Одбојкарската селекција на  Србија го освои  златниот медал на Европското првенство. Српските одбојкари славеа во финалето над ко-домаќинот Словенија, меч кој се одигра во Франција со 3-1 во сетови.

Почетокот на натпреварот ветуваше победа за Словенија која првиот сет го доби убедливо (25-19)

Во вториот сет веќе започна доминацијата на Србија, а освен почетните 0-1 и 1-2, постојано ја имаа контролата во сетот и на крајот го добија со  (25-16).

Потоа само продолжи добрата игра на српските одбојкари па добивањето на третиот и четвртиот сет само им ја потврди големата победа во финалето на ЕП

Ова е трета титула за Србија на ЕП. Шампиони на Европа беа и во 2001 и 2011 година.

Strugaonline

Facebook Коментари