Вардар ја совлада екипата на Пик Сегед со резултат 31:23

- Спорт
623

Вардар победи во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите со 31-23 против ПИк Сегед.

Двете екипи „изедначени сили“ имаа само во првите десет минути, а потоа започна доминацијата на Вардарци кои обезбедија убава разлика за реваншот што се игра на 5ти мај во Сегед.

Највисоката предност во првото полувреме нашите ракометари ја достигнаа во 21. минута кога резултатот беше 11:6 но гостите ја стопија оваа предност и дојдоа до два негатива. Првиот дел заврши со резултат 14;12 во корист на Вардар.

Во вториот дел од натпреварот Вардарци водеа, а противниците во неколку наврати успеаа да ја достигнат предноста, и на двете страни имаше подеми и падови. После 53та минута се беше јасно бидејќи Вардар имаше предност од 25:21 и до крај само ја потврди победата.

Strugaonline

фото: РК Вардар

 

Facebook Коментари