Вардар славеше против Рајн Некар со резултат 30-27

- Спорт
562

Вардар е блиску до освојувањето на второто место во групата во Лигата на шампионите откако на гостувањето во Германија победи со 30-27 (16-14) во директен дуел со еден од ривалите, Рајн Некар. За “црвено-црните” ова е втор меѓусебен триумф сезонава и седми во Лигата на шампионите на десетте досега одиграни натпревари.

Сега Вардар е второпласирана на табелата со 15 бода, три повеќе од Кјелце и Веспрем. Остануваат за играње уште три средби, две дома (со Веспрем и Монпелје) и гостување кај Кристијанштад.

На Вардар „му лежи” Рајн Некар особено кога се игра во Германија. Вардарци повторно одиграа тимски  со мали падови во играта кои и беа незабележителни.

Тренерот Парондо имаше одлична тактика. Противникот во ниту еден момент не изненади. За секој нивни потег Вардар решение. Нашите ракометари лесно постигнуваа логови, лесно доаѓаа во ситуација за шутирање. И токму таквата игра го натера домашниот тренер уште во 19 минута дса го побара вториот тајм аут. Немаше шанса да се разбие играта на Вардар, да се поремети ритамот што го наметнаа.Вардарци имаа и „плус 7″ кога водеасо 16-9, но потоа темпото малку падна па на полувреме заминаа со предност од 16-12.

Тројца ракометари во нападот постигна вкупно 19 голови (Стоилов, Дибиров и Карачиќ). Одличното темпо се одржуваше и во вториот дел, па Вардар водеше со 27-20. Времето одминуваше, а Вардар ја одржуваше предноста.

Во завршницата од средбата Рајн Некар само успеа да намали на подносливи „минус 3″ и наша победа од 30-27.

Рајн Некар – Вардар 27:30 (12:16)

РАЈН НЕКАР: Апелгрен, Паличка, Шмид 9, Липовина, Сигурдсон, Радивојевиќ, Толбринг 2, Абутовиќ, Ларсен 2, Грецки 1, Талески, Гвардиола 1, Петерсон 4, Колбахер 8.

ВАРДАР: Милосављев (10 одбрани), Гедбан, Кизиќ, Стоилов 6, Недановски, Поповски, Криштопанс 4, Дисингер, Карачиќ 6, Скубе 3, Калараш, Чупиќ 2, Дибиров 7, Шишкарев 2, Војводиќ, Кисељев.

Извор и фото: РК Вардар

Facebook Коментари