Вардар славеше против Војводина, Стоилов постигна атрактивен гол со „шрауба“

- Спорт
373

Ракометарите на Вардар победија против Војводина со 25-21 (15-10)  во првиот нивен натпревар од СЕХА лигата . После 1:0 за Војводина, избраниците на Алушовски постигнаа шест гола во низа, па на самиот почеток покажаа дека се подготвени да ја имаат контролата на овој натпревар. По тајм-аутот Војводина успеа да намали само на три разлика , Вардар продолжи во одличен ритам па на одмор отиде со плус 5 (15:10)

Во првите минути од вториот дел Вардар имаше +6, па ракометарите на Војводина успеаа да врзат три гола . Вардарци брзо го вратија победничкиот ритам и на крај славеа со 25:21

Голманот Борко Ристовски се истакна со десет интервенции.  Најефикасни кај Вардар беа Георгиевски и Дибиров со по четири, додека кај Војводина Шотиќ имаше шест погодоци.

Вистинска атракција на теренот изведе Стоилов , тој реализираше со  „шрауба“ и погоди свртен со грб кон голот.

Strugaonline

фото: РК Вардар

Facebook Коментари