ЖКК Струга 2009 со две победи над Про-Академија

- Спорт
865

Во рамки на петтото коло од прва лига жени, кошарките на ЖКК Струга 2009 беа подобри од селекцијата на Про-Академија со резултат 59:78 (по четвртини 15:21 ; 11:15 ; 17:13 ; 16:29 ). Најдобри во струшката екипа предводена од селекторот Владимир Ѓоровиќ беа: Чолакоска со 25 поени, Зендели имаше 14, Модева постигна 13 поени, а Чочороска 8.

И во рамките на кадетската лига Про-Аакадемија беше послаба од ЖКК Струга 2009, нашите кадетки славеа со резултат 28:58. Најдобри во нашиот состав беа Велјаноска со 20 поени, ФИлоска постигна 17, а Бическа 8 поени.

Strugaonline

 

Facebook Коментари