Лев банер Десен банер

Црвен Крст Струга одржа прва работилница на македонски јазик во рамки на програмата ЦКА-ПХВ 2026

Во рамки на програмата „Промоција на хумани вредности“ – 2026 (ЦКА-ПХВ 2026), успешно беше реализирана прва работилница на македонски јазик во просториите на Гимназија „Д-р Ибрахим Темо“, со учество на 40 млади лица.

Работилницата се одржа на 20 февруари 2026 година и беше насочена кон запознавање на учениците со програмата, нејзините цели и значењето на хуманите вредности во секојдневниот живот.

Организаторите изразија посебна благодарност до дисеминаторот Марија Симакоска за успешно реализираната работилница, посветеноста и инспирацијата што им ја пренесе на учениците.

StrugaOnline

error: