Градоначалникот Менди Ќура на средби со инвеститори во Берлин
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на бизнис-заедницата во Берлин, во просториите на Клуб на бизнисмени во Берлин, со цел продлабочување на економската соработка и воспоставување стабилни партнерства со меѓународни инвеститори.
Средбата беше насочена кон отворање нови можности за вложувања и поставување цврсти темели за долгорочен економски развој. Во фокусот на разговорите беа потенцијалите на Струга како атрактивна дестинација за инвестиции, со посебен акцент на туристичкиот сектор и стратешките развојни проекти што можат дополнително да ја зајакнат локалната економија.
Градоначалникот Ќура ги презентираше компаративните предности на општината, поволната географска позиција, туристичките ресурси и можностите за развој на инфраструктурата, истакнувајќи дека локалната самоуправа активно работи на создавање поволна и транспарентна бизнис-клима.
Од страна на присутните бизнисмени беше изразен интерес за конкретни проекти и можности за соработка, при што беа разменети идеи за идни иницијативи и потенцијални инвестиции.
Општина Струга останува посветена на активна меѓународна соработка, градење доверба со партнерите и создавање услови за одржлив и стабилен развој, со јасна цел – подобар економски просперитет и нови перспективи за граѓаните.
StrugaOnline

