Граѓанската иницијатива „Доста“ повторно го актуелизира проблемот со депонијата – ова се планираните чекори

- Локални
1302

Граѓанската иницијатива „Доста“ која беше формирана поради проблемот со Струшката депонија вчера одржа состанок на кој беше одлучено во скоро време да се организира панел дискусија на која ќе учествуваат билог кој би укажал на ефектите од депонијата врз животната средина и медицинско лице кое ќе ја потенцира важноста на решавањето на овој проблем поради зачувување на здравјето на жителите на Струга и околината. Планирано е на панел – дискусијата да се разгледаат статистиките за стапката на смртност поради загаден воздух што би било дополнителен аларм за сите институции да се вклучат во решавање на проблемот. Од граѓанската иницијатива „Доста“ информираа дека целта на панел-дискусијата е од неа да се извлечат заклучоци кои ќе бидат испратени до инспекторатот за животна средина. Од граѓанската иницијатива наведуваат дека планираат да испратат и повик до новата Влада на Република Македонија и таа  да се вклучи во решавање на овој проблем, а како крајна инстанца ја разгледуваат можноста за организирање на протест со блокирање на патот кој води до депонијата. Во планираните активности се вбројува и испраќањето на повик до сите невладини организации да се вклучат кон решавање на проблемот со депонијата. Покрај горенаведените активности, граѓанската иницијатива „Доста“ излезе со соопштение за до сега превземените и реализираните активности за решавање на проблемот кој не засега сите подеднакво.

Во листата реализирани активности се вбројуваат :Предлог – измената на Комуналниот ред на Општина Струга (комунален ред е документ по кој ЈКП Струга го собира и складира сметот во Општината);
. Ваквата предлог измена на Комуналниот ред беше предложена на седница на Советот на Општината на ден 15.05.2017 година.; .Со убедливо мнозинство предлог измената на Комуналниот ред беше усвоена;
; Беше изготвена одлука за измена на Комуналниот ред  и која веќе е влезена во сила.

  Согласно одлуката,школите и колективните домаќинства ќе бидат снабдени со посебни садови за селекција на отпадот (пластика, хартија и стакло); Индивидуалните домаќинства со секоја сметка за комунално ќе      бидат снабдени со посебни кеси за складирање на пластичниот отпад; Правните лица (хотели, ресторани, кафичи, маркети) ќе имаат обврска садовите за селекција на отпад сами да си го обезбедат.
– Ќе бидат предвидени посебни места за складирање на органски отпад; ЈПК Струга ќе биде обврзано на секои 2 месеци да организира акции за собирање на отпад настанат од делови на расипани апарати за домаќинство, кујнски прибор, санитарни уреди и слично; ЈПК Струга ќе биде обврзано на секои 2 месеци да организира акции за собирање на кабаст остпад; ЈКП Струга ќе биде обврзано секој месец да организира акција за собирање на гуми и гумен отпад.

Што се однесува до активностите кои во блиска иднина треба да се преземат, наскоро треба да се одреди датум на кој ќе се одржи најавената панел-дискусија чија што цел меѓудругото е да се забрза процесот на решавање на овој проблем.

Инаку, еколозите тврдат дека проблемот со Струшката депонија трае веќе петнаесет години, но ова прашање беше актуелизирано откако депонијата беше запалена за време на овогодинешните Велигденски празници.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари