Истражување: Недоволното спиење значително го скратува животот

- Здравје
968

Постојаниот недостиг на сон ја зголемува веројатноста од смрт од мозочен удар кај лицата со дијабетес и болести на кардиоваскуларниот систем – ова се резултати од најновото истражување спроведено од група Американски научници.

На луѓето со наведените болести експертите им препорачуваат да спијат најмалку шест часа дневно. Во спротивно, истражувачите тврдат дека веројатноста за смрт од мозочен удар е двапати поголема отколку кај здравите лица, кои спијат повеќе од шест часа дневно.

За потребите на ова истражување бил следен биоритамот на  1.344 одбрани мажи и жени, меѓу кои била издвоена и ризична група. Во неа влегле луѓе со висок индекс на телесната маса, зголемено ниво на холестерол и висок крвен притисок.

Истражувањето траело 16 години, а резултатите од ова истражување можат да се најдат на сајтот на Американското здружение за срце.

Facebook Коментари