Лев банер Десен банер

ЈП Комунално повторно започна со уредување и проширување на православните гробишта

По подолг период, ЈП Комунално Струга повторно ги започна активностите за уредување и проширување на православните гробишта, со цел да се одговори на една од важните потреби на граѓаните.

Во текот на завчерашниот и вчерашниот ден беа насипани девет камиони земја за пополнување на просторот, додека за наредните денови се обезбедени уште над десет камиони, со што ќе продолжи уредувањето на теренот.

Од претпријатието информираат дека работите ќе се одвиваат со засилено темпо и посветеност, а до крајот на месецот е планирано и расчистување на просторот од вегетација, како и негово целосно порамнување.

Со овие активности се создаваат подобри услови и дополнителен простор, при што од ЈП Комунално нагласуваат дека почитта кон граѓаните, нивните семејства и споменот на оние што повеќе не се меѓу нас останува една од нивните главни одговорности и приоритети.

StrugaOnline

error: