Лев банер Десен банер

Општина Струга со средба со делегација од Албанија: Фокус на соработка, туризам и заштита на Охридскиот регион

Општина Струга денеска оствари пријателска средба со делегација од Република Албанија, на која се разговараше за повеќе прашања од заеднички интерес и за можностите за продлабочување на регионалната соработка.

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, беше домаќин на делегацијата во чиј состав беа пратеникот Бледи Чомо и градоначалникот на Општина Поградец, Илир Џаколи.

На средбата посебен акцент беше ставен на заштитата на Охридскиот регион под покровителство на УНЕСКО, како и на можностите за унапредување на соработката во областа на туризмот и културата.

Во текот на разговорите беше истакната и важноста од заедничко аплицирање на проекти, особено во рамките на европските програми, со цел поттикнување на одржлив развој и зајакнување на регионалните партнерства.

Дополнително, беше отворена и темата за подобрување на поврзаноста меѓу Струга и Поградец преку развој на заеднички пристапи во областа на водниот транспорт. Двете страни ја истакнаа потребата од дополнително разгледување на можностите и предизвиците поврзани со вакви иницијативи.

Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беше изразена подготвеност за понатамошно интензивирање на соработката меѓу двете општини.

StrugaOnline

error: