Лев банер Десен банер

Отстранети десетици хаварисани возила: Општината во акција за почист и пофункционален град

Општина Струга започна иницијатива за ослободување на јавните простори преку отстранување на нефункционални и напуштени возила, со цел подобрување на урбаниот ред и квалитетот на живеење во градот.

Според информациите од општината, досега се отстранети околу 90 возила од јавните површини, со што се овозможува повеќе простор за граѓаните, поголема прегледност и подобра функционалност на улиците и паркинг-просторите.

Од локалната самоуправа потенцираат дека активностите продолжуваат и во наредниот период, со намера целосно да се реши проблемот со напуштените возила низ градот.

Воедно, од Општина Струга апелираат до граѓаните активно да се вклучат во процесот – да пријавуваат возила кои сè уште не се отстранети и да соработуваат со надлежните служби.

„Јавните простори се на сите – не ги узурпирајте“, порачуваат од општината, нагласувајќи дека само со заеднички напори може да се создаде почиста, поуредена и поубава средина за сите жители.

StrugaOnline

error: