Sирнете во внатрешниот свет на уметникот Билјана Тодороска – самостојна изложба за љубителите на уметноста

- Локални
1405

Во периодот од 05-ти до 15-ти јули 2017 г во Спомен куќата „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде отворена втората самостојна изложба на рачно изработен накит „Внатрешен свет“’ на уметникот Билјана Тодороска.


Изложбата ќе биде отворена на 5-ти јули во 20:00 часот.

Тодоровска е уметник кој со рачна изработка на накит се занимава веќе седум години, а последните четири ја користи техниката сутаж.

„Во изработката најмногу ме испирира сето она убаво што ми се случува секојдневно. Значи, најмногу преовладуваат моите емоции и затоа ја нареков „Внатрешен свет“. – вели Билјана Тодороска  за Strugaonline.

Ова е нејзина втора самостојна изложба, првата  беше насловена како „Чекор по чекор“, а се одржа во  јули 2016 година во галеријата Робевци, Охрид.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари