Лев банер Десен банер

Ученици од ООУ „Браќа Миладиновци“ на едукативна посета во библиотеката и Центарот за култура во Струга

Учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Струга, заедно со наставничката Сања Крстиноска, вчера, 11 март, реализираа едукативна посета на градската библиотека и Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, во рамките на наставата по предметот „Истражување на родниот крај“.

Целта на посетата беше учениците поблиску да се запознаат со културниот живот на градот и да ги прошират своите знаења за културата и културното наследство.

Преку разговор, разгледување на просториите и запознавање со богатството на книгите и културните содржини, учениците имаа можност да научат повеќе за значењето на библиотеката и културните институции во зачувувањето и промовирањето на традицијата, уметноста и знаењето.

Во текот на посетата тие се запознаа и со богатата ризница на пишан збор – домашна и странска литература, поезија и проза од светски автори, како и со делата на учесниците на меѓународниот културен настан и светски познатиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

Оваа едукативна посета претставуваше убаво и корисно искуство за учениците, кое кај нив поттикна љубопитност, интерес за читање и поголема почит кон културното наследство на нивниот роден крај.

StrugaOnline

error: