Лев банер Десен банер

Второодделенците од ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Јавната библиотека во Струга

Учениците од второ одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга денес имаа прекрасна и едукативна посета на Јавната библиотека при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

За време на посетата, најмладите ученици имаа можност да се запознаат со светот на книгите и да научат како функционира една библиотека. Преку интересни приказни, разговор и дружење со библиотекарите, децата открија дека читањето може да биде забавно, интересно и исполнето со нови знаења.

Посетата помина во пријатна атмосфера, исполнета со многу насмевки, љубопитност и детска радост. Учениците со голем интерес ги разгледуваа книгите и внимателно ги слушаа приказните, покажувајќи искрена желба да научат нешто повеќе за магичниот свет на литературата.

На крајот од оваа едукативна средба, второодделенците си заминаа со многу позитивни впечатоци и со желба повторно да се вратат во библиотеката и да откријат уште многу нови и интересни приказни.

StrugaOnline

error: