Денес е Светскиот ден на штедењето

- Занимливо, Свет
102

Светскиот ден на штедењето е основан на 31-ви октомври 1924-та година во Милано, на првиот Меѓународен конгрес на штедачите. Банките ширум светот и речиси еден век подоцна, на овој ден ги наградуваат своите штедачи и потсетуваат колку е важна финансиската сигурност.

Претставници на светските штедни институции се состанале на тој ден со надеж дека ќе пронајдат излез од кризата која настанала како последица од Првата светска војна. Тие ја истакнале важноста на штедењето за поединци, но и за развој на целото човештво, важноста во борбата против секој вид на расипништво, како и колку е важна финансиската едукација во училиштата.

На конгресот учествувале 29 земји, а за утврдувањето на овој ден е „одговорен“ италијанскиот професор Филипо Равица.

Оттогаш, секоја следна година монетарните власти во првата недела од ноември традиционално ги охрабруваат банките да ги наградуваат граѓаните во вид на различни бенифиции, а тие исто така да донираат и одредени средства во добротворни цели и да ја отворат својата врата на најмладите кои имаат можност да ги посетат и да се запознаат со нивниот начин на работа.

Светскиот ден на штедењето бил најпопуларен помеѓу 1955-та и 1970-та година, кога во многу земји тоа стана традиција, а во некои, како што е Австрија, доби и своја маскота.

Благодарејќи на иницијативата која стартуваше на 31-ви октомври 1924-та беше основан Меѓународниот институт за штедење во кој денеска има преку 940 банки и штедилици ширум светот.

StrugaOnline

Facebook Коментари