Дијалогот со компаниите за барани профили во стручните училишта продолжува во Охрид и Струга

- Македонија
331

Во рамки на консултативниот процес „Учи паметно, работи стручно” за потребата од отворање одредени профили и паралеки во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната учебна година, заменик-министерот за образование и наука, Арафат Шабани денеска ќе учествува на состаноци со претставници од компаниите, локалните самоуправи и средните стручни училишта во Струга и Охрид.

Министерството за образование и наука ги почна овој месец консултациите со општините, стопанските комори и реалниот сектор за да се утврдат нови профили за запишување во средните стручни училишта во учебната 2021/2022, кои ќе одговараат на потребите на пазарот на трудот, на компаниите и на самите општини.

МОН посочува дека целта е да се унапреди стручното образование кое ќе може да се одговори на потребите на реалниот сектор со соодветен стручен кадар, но и да се овозможи поголема вработливост на младите

Извор: Слободен печат

фото: архива

Facebook Коментари