Филипче: Значително е намален притисокот врз болниците, апелирам и понатаму да се почитуваат мерките

- Македонија
326
На редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите, министерот Филипче  разговарал  за состојбата низ болниците во текот на изминатиот викенд.
-Значително е намален притисокот за потребни хоспитализации во однос на она што беше пред околу две недели. Одредени одделенија се растеретуваат од обврските за прием на ковид пациенти и се враќаат во нормала. И покрај тоа што епидемиолошката состојба и состојбата низ болниците се стабилизира, треба исклучително претпазливо да се постапува во деновите кои следуваат. Апелирам за понатамошно почитување на мерките, со примена на апсолутна дисциплина како би се спречило понатамошно ширење на вирусот.-вели Филипче.
Strugaonline

Facebook Коментари