Време: Денеска облачно со дожд, од утре нов студен бран

- Македонија
753

Денеска претпладне ќе преовладува умерено облачно време, преку денот со засилен јужен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни, а во западните делови ќе преминуваат во снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од 10 до 16 степени. Утре следува промена на временската состојба.  Ќе преовладува  променливо облачно време со локални слаби врнежи од снег. Ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи во интервал од 0 до 9 степени.

Извор” УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари