Време-Сончево со мала до умерена облачност

- Македонија
269

Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, која во текот на денот ќе се зголемува. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 17 степени. Утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне. На планините во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Попладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 8 до 13 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари