Земјотрес со јачина од 4,8 степени во Албанија, почувствуван и во Струга

- Македонија
321

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 22 часот и 37 минути, регистрираше земјотрес со епицентар на 20 километри североисточно од Тирана, во соседна Република Албанија и со локална Рихтерова магнитуда од 4.8 степени.

Земјотресот беше почувствуван во повеќе градови низ Македонија вклучувајќи ја и Струга.

Facebook Коментари