Се подготвува јубилејното издание на Д Фестивал-ова е дел од програмата

- Свет
521

Единствениот фестивал на отворено во Македонија – Д Фестивал се подготвува за своето јубилејно десетто издание кое ќе се одржи од
 3 – 5 јули во Дојран!

„Ние веќе започнавме со пакување на најголемата летна авантура во тридневна програма која изобилува со музички, креативни и уметнички перформанси. Чест ни е да ви ги претставиме ПРВИТЕ ПОТВРДЕНИ АРТИСТИ за 2020 година.“ – велат организаторите.

ГЛАВНАТА БИНА e резервирана за синот на легендарниот Боб Марли – КИ-МАНИ МАРЛИ. Преку своите искрени текстови и музика составена од разни жанрови, ќе ни пренесе важна порака која е дел и од мотото на нашиот фестивал – Peace. Unity. Equality… and Feel D Love! На Ки-Мани му се придружува и еден од најважните артисти од домашната хип-хоп андерграунд сцена, ЛД ПИСТОЛЕРО кој за прв пат доаѓа на Д Фестивал со соло настап. Тука ќе се и ПАРТИБРЕЈКЕРС да ги научат новите и потсетат постарите генерации зошто е потребно да сме исти, посебни, слободни и само свои!

Од спротивната страна, на LAKE AWAKE, будни до раните утрински часови ќе нѐ држи германското електронско дуо BOOKA SHADE чија музика е толку совршена што е невозможно да не нѐ разигра. ASTRIX, еден од водечките psytrance продуценти и диџеи на деценијата, препознатлив по својот перфекционизам кога станува збор за музиката, ни подготвува експлозивен сет со кој заедно ќе го дочекаме изгрејсонцето.

„Гарантираме забава за сите возрасти, па ја збогативме нашата програма со FAMILY DAY. Најомилениот музички хор ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ својот јубилеен 50-ти роденден ќе го прослават заедно со нас!!! За сите деца, да биде сонце, да биде љубов, нека биде сјај…“-додаваат од организацијата.

Во интимна атмосфера во CHURCH STAGE, ќе  се претстави нашата ТЕЛЕМАМА со акустичен микс од албумите “Мис Слобода” и “Краток албум за двајца”. Ова ќе биде нејзиниот единствен настап летово, па со време поканете си ја симпатијата на состанок.

Програмата не е објавена ниту до половина,  а билетите си одат…
По распродадениот РАН КОРМОРАН, во моментов во ПРОДАЖБА

Актуелните цени на билетите важат до 8-ми март.

Strugaonline

Facebook Коментари