Синоќа се одржа 91-то издание на престижната манифестација „Оскари“

- Свет
634

Синоќа по 91-ви пат се одржа престижната манифестација „Оскари“.  За најдобар филм беше прогласен филмот „Зелена книга“ на режисерот Питер Фарели. Махаршала Али, кој  во овој филм го игра Ширли, ја доби наградата за најдобар актер во споредна улога.

„Рома“од Алфонско Куарон доби оскар за за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје како и признанија за најдобра режија и најдобра конематографија.

Најдобри главни актери на годинешните Оскари се Оливија Колман за улогата на кралицата Ана во „Миленичка“, и Рами Малек кој го отелотвори Фреди Меркјури во „Боемска рапсодија“.

Четири златни статуетки доби филмот „Боемска рапсодија“, прказната за познатата група „Квин“

„Sвездата е родена“ на Бредли Купер ја доби наградата за најдобра песна Shallow за Лејди Гага.

Купер и Лејди Гага синоќа ја воодушевија публиката со нивната магична интерпретација на песната Shallow.

 

Facebook Коментари