СЕХА дерби: Вардар – ППД Загреб играат во среда

- Спорт
552

Ракометното класико во СЕХА Газпром лигата е меѓу тимовите што зад себе имаа титули во регионалното натпреварување, Вардар и ППД Загреб. И двете екипи имаат обезбедено место на завршниот турнир, но останува само да се реши кое место ќе го завземат на табелата на крајот од што ќе зависат и полуфиналните двојки.

Средбата меѓу Вардар и ППД Загреб е закажана за во среда од 20,15 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Билетите се продаваат преку www.ticketplus.mk. Во тек е АКЦИЈА – Купете билет за мечот Вардар – Монпелје и добијте ГРАТИС за мечот со ППД Загреб.

Вардар се врати од гостувањето од лигата на шампионите од Шведска каде го победи Кристијанштад со 32-30 (16-17). Сега почнуваат решавачките дуели во двете натпреварувања. Во среда играме со ППД Загреб, а потоа во сабота со Монпелје во ЛШ.

„Ни претстојат две тешки средби неделава. И во двете натпреварувања групната фаза е во финиш. Натпреварот против ППД Загреб ќе ни биде подготовка за дуелот против Монпелје в сабота. Сакаме да одиграме добар дуел в среда. Сепак, мислиме веќе и на Монпелје бидејќи тоа ни е важен дуел во Лигата на шампионите. Прво сакаме добар натпревар против Загреб, а потоа ќе се насочиме целосно кон средбата в сабота. Горбок и понатаму е на листата на повредени. Тој би можел да биде подготвен за 2-3 недели. Борозан е неизвесен и се надевам дека барем на еден од овие два меча ќе може да одигра. Мораеш се надевам ќе може да издржи додека другите ракометари се подготвени за да настапат на дуелот против Загреб, вели Роберто Парондо, тренерот на Вардар.

За играчите претстои период во кој почнуваат најголемите оптоварувања, и треба да се издржи она што им претстои.

„Нашите мисли се насочени кон сабота и натпреварот против Монпелје. Сепак, играчки мораме да го одработиме дуелот против ППД Загреб. Сигурни сме за Ф4 турнирот во СЕХА, но тоа не значи ништо. Во Загреб има квалитет. Овој тим игра во Лигата на шампионите и игра добро. Имаат повредени ракометари од последниот дуел и сигурно ќе има квалитет, вели Игор Карачиќ.

Извор и фото: РК Вардар

Facebook Коментари