Лев банер Десен банер

Вевчани во Њујорк: Уметноста од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ претставена на светската сцена

Вевчани, со својата длабока духовна и уметничка традиција, се најде во самиот центар на Њујорк. Со свечено отворање започна изложбата „Traveling in colour: the Balkan Spirit in New York“, која претставува избор на дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.
Во Gallery MC, пред бројна публика, балканската естетика, инспирирана од православната иконографија и културното наследство, доби нов живот на светската сцена. Делата, во кои се преплетуваат духовноста и современиот израз, ја претставуваат Вевчанската колонија како вистински „архив во движење“, каде традицијата постојано се преосмислува.
Настанот привлече внимание како редок пример на автентична културна приказна од Македонија која директно комуницира со глобалната публика. Свеченото отворање се одржа на 20 март, со прием од 18 до 21 часот, додека изложбата е отворена за посетители од 16 до 25 март.
Организаторите ја нагласуваат важноста на овој настан како чекор напред во интернационализацијата на македонската уметност.
Исто така, тие посочуваат дека оваа изложба е повеќе од културен настан – таа е силна порака дека македонската духовност и уметност имаат свое место на светската сцена.
Поддршката од Министерството за култура и туризам дополнително ја потврдува важноста на проектот како дел од културната дипломатија на државата.
StrugaOnline

error: