Струга и Корча кон заедничка туристичка понуда и нови прекугранични проекти
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари работна средба со градоначалникот на Корча, Сотирак Фило, на која во фокусот беше унапредувањето на меѓуопштинската соработка и отворањето нови можности за заеднички развој.
На состанокот се разговараше за продлабочување на соработката, со посебен акцент на културата и туризмот како клучни сектори за економски раст. Двајцата градоначалници ја истакнаа важноста од заеднички пристап во промоцијата на регионот, при што како приоритет беше посочена идејата за создавање интегрирана прекугранична туристичка понуда. Оваа иницијатива има за цел да ги поврзе туристичките потенцијали на Струга и Корча, зголемувајќи ја нивната видливост и атрактивност за домашните и странските посетители.
Покрај тоа, на средбата беа разгледани и конкретни можности за воспоставување партнерство во рамки на програмите за прекугранична соработка. Општините изразија подготвеност за заедничко аплицирање за ИПА грантови, со цел реализација на проекти од заеднички интерес кои ќе придонесат за одржлив развој на регионот.
Од Општина Струга потенцираат дека остануваат посветени на градење стратешки партнерства кои носат нови перспективи за соработка, развој и економски напредок, како на локално, така и на регионално ниво.
StrugaOnline

