(ВИДЕО) Hardfaced промовираат нова песна и спот

- Забава
111

Охридскиот бенд Hardfaced на YouTube каналот го промовираше видеото за песната “Ножот крвав”. Ова е трет видео сингл од албумот “Dreamless slumber at the shores of youth”, кој преку етикетата на Diehard records излезе во 2019 година. Видеото е снимено во март 2020 година, непосредно пред почетокот на Ковид пандемијата, но поради новонастанатата ситуација, бендот ја закажа премиерата токму сега. Снимањето на материјалот и монтажата се на Александар Цветаноски, а анимацијата во видеото ја правеше Михаил Наумов.

На “Ножот крвав” му претходеа уште два видео сингла: “Implоred by hate” и “Black Sun” од четвртиот албум на бендот, кој е формиран во 2004 година. Покрај “Dreamless slumber at the shores of youth”, Hardfaced ги имаат уште албумите “More than hate”- 2007, “Show them what they fear”-2011 и “Dying lake”-2014 година. Бендот го сочинуваат: Димитар Савески, Јован Наумоски, Горан Вељаноски, Јордан Маленко и Љупчо Стефаноски.

Facebook Коментари