Најголемата хип-хоп група на сите времиња Wu-Tang Clan доаѓа на Sea Star фестивал!

- Забава
603

Најголемата хип-хоп група на сите времиња Ву-Танг Клан (Wu-Tang Clan) го потврди доаѓањето на Си Стар Фестивал, и тоа во рамки на големата странска турнеја на која ги распродаваат некои од најголемите арени во Америка и Европа! После настапот во Берлин, Лондон, Париз и другите европски метрополи, Ву-Танг доаѓаат и во Умаг, а нивниот настап на „Адико Тесла“ бината на „Си Стар“ ќе биде ексклузивен за целата централна, јужна и источна Европа! Во Истра се очекуваат десетина илјади фанови од целиот регион и бројни земји кои не ги опфати нивната овогодишна „Gods of Rap“ турнеја, во рамки на која одбележуваат 25 години од излегувањето на веројатно највлијателниот рап албум – „Enter the Wu-Tang (36 Chambers)“! Преговорите околу настапот на Умаг траеја цели седум месеци, а главната причина е инсистирањето на организаторите на Си Стар цената на влезниците да биде максимално прилагодена за домашната и регионалната публика и да остане повеќекратно помала во однос на остатокот на нивната турнеја. Цената на влезниците за Си Стар со 50% попуст моментално изнесува 1999 денари за двата дена на фестивалот, а поради огромниот интерес од сите краеви на Европа, оваа цена ќе биде актуелна најкасно до 15-ти април. Ву-Танг се придружуваат на моќната музичка екипа од веќе потврдените изведувачи за Си Стар, во која се водечките техно изведувачи на денешницата Свен Ват (Sven Väthi ) и Нина Кравиц (Nina Kraviz), британската хип-хоп дива „Ај-ем-ди-ди-би“ (IAMDDB), добитникот на „Ibiza Awards“ наградата за најдобар техно диџеј Иларио Аликанте (Ilario Alicante), авторот на најпродаваните техно траки на „Битпорт“, Енрико Санџулијано (Enrico Sangiuliano) и многу други!

Ву-Танг Клан имаат продадено неверојатни 40 милиони албуми, додека светките медиуми имаат само пофални зборови за нив, па така „Ролинг Стоун“ магазинот ги нарекува „најдобрата рап група на сите времиња“, а „Ен-Ем-И“ вели дека се „едни од најдобрите музичари на деценијата“, додека „Факт“ додава како тие „ја редефинираа самата срж на хип-хопот“. За таа оцена се сложни и хип-хоп ѕвездите Кендрик Ламар (Kendrick Lamar), Снуп Дог (Snoop Dogg), Рик Рос (Rick Ross), АСАП Роки (A$AP Rocky) и бројни други, кои за Ву-Танг зборуваат само во суперлативи и ги посочуваат како нивно влијание. Не е тајна ни дека нивната музика има директно влијание на постарата гарда, како што се Џеј Зи (Jay Z), Нас (Nas), Снуп Дог (Snoop Dogg) и Ноториуc Б.И.Г (Notorious B.I.G).

Сањин Ѓукиќ, директорот на Си Стар фестивалот, истакна дека Ву-Танг Клан е состав со чија музика пораснаа генерации и кој ја обликуваше хип хоп сцената каква што ја гледаме денес: „Да се има големиот Ву-Танг Клан во полн состав на турнеја со која се одбележуваат 25 години од еден од најважните албуми во историјата е сам по себе музички, културен и туристички настан без репер! Вложивме многу напори оваа јубилејна турнеја, резервирана само за огромните арени во Америка и  Западна Европа, да ја преселиме на повеќе од 2000 километри и да ја донесеме во Умаг, па очекуваме вистинска инвазија на Стела Марис од нивните фанови од сите краеви на Европа!“.

„Кога го правевме Си Стар се водевме по вредностите со кои и Егзит го изградивме во еден од водечките светски фестивали, ставајќи ја домашната и регионалната публика на прво место и инсистирајќи цените на нашите влезници секогаш да бидат пристапни“, изјави на прес конференција Сагор Мешковиќ, директор на комуникации на Егзит, и додаде дека не било лесно да се обезбеди ваков букинг. „Поради тоа преговорите со менаџментот на Ву-Танг Клан траеја со месеци, но успеавме да ги добиеме и да се осигураме дека регионалната публика ќе ги има најниските цени на влезници, кои на нивната турнеја оваа година достигнуваат и повеќе од сто евра. Лично сум среќен што повторно ги носиме на овие простори, бидејќи нивниот речиси митски концерт на Егзит во 2007 година нема да го заборавам додека сум жив“, изјави Мешковиќ.

Фет Фили (Phat Phillie) и Еф-ар-екс (Frx), двајцата големи хип хоп авторитети и основачи на Блекаут (Blackout), сложни се во оценката дека Ву-Танг Клан уште со првиот албум се запишаа во историјата: „Сега, на нивниот 25-ти јубилеј со големо право ги сметаме за носечкиот столб на целиот хип хоп, не само на тој од Златната ера. Огромната сила на бендот отсекогаш лежеше и во колективот. Ву Танг се единствен собир на неверојатно креативни музички и лирски супериорни ем-сија, неспоредливи со било кого на сцената“.

Њујоршките рап револуционери се заслужни за тектонските промени во својот жанр уште од споменатото деби од 1993-та, кое и денес нуди основа за младите фанови жедни за врвен хип хоп. Формирани во 1992-ра во Њујорк, Ву-Танг се сметаат за најголемата група во историјата на хип хопот. Инспирација влечеле од кунг-фу филмовите и суперхеројските стрипови, а заслужни се за некои од круцијалните хип хоп нумери со кои речиси создадоа цел нов жанр. Комплетниот состав сочинет од водачот и визионер Риза (RZA), и останатите Ву Танг воини Џиза (GZA), Метод Мен (Method Man), Рејквон (Raekwon), Гоустфејс Кила (Ghostface Killah), Инспекта Дек (Inspectah Deck), Ју-гад (U-God), Маста Кила (Masta Killa) и Кападона (Cappadonna) е легендарна токму поради силата, специфичноста и карактерот на секој поединечен член чија поврзаност за кланот е толку силна, што меѓусебно се доживуваат како семејство.

Талентот им е препознаен и признаен со многу награди, од освојување на Греми (Метод Мен), па до титулата највлијателен музички состав во последните 10 години, која им ја додели магазинот „Ен-Ем-И“ (NME). Последните две години ги исполнуваат и условите за влез во Рокенрол Халата на Славата, за што неодамна се изјасни и Риза: „Мислам дека треба да влеземе, но би можело да потрае додека тоа се случи. Тоа би било добро за нас и за рокенролот, затоа што хип хопот е музика која зема од секој жанр, а особено од рок музиката“. Богатата Ву-Танг оставштина го турна целиот жанр напред, а проучувајќи ги зборовите на песните на речиси 85 хип хоп изведувачи, дизајнерот и научник Мет Даниелс откри дека на листата на хип хоп музичари со најголем вокабулар, Ву Танк завршија на импресивното шесто место, додека соло проектите на членовите исто така доминираат на листата – Гиза на второ место, Риза на седмо, Гоустфејс на деветто, Рејквон на дваесетто, а Метод Мен на дваесет и трето, што укажува на потполна надмоќ и неоспорива надареност како на колективот, така и на неговите поединци. Нивната сестраност се протега и надвор од музиката, Риза и Метод Мен се актери, а Гиза предава наука во училишта и на факултети.

На Си Стар доаѓаат и најголемите електронски ѕвезди на денешницата!
Досега потврдените имиња на лајнапот се боговите на електрониката Свен Ват, Нина Кравиц, Иларио Аликанте, Енрико Санџулијано, Петар Дундов, Диџеј Џок, Лоренс Клајн и Јуник, како и богатата хип хоп програма во соработка со Дрито, најголемиот регионален клупски трап и хип хоп фестивал, кој го сочинуваат новата нео соул и аренби дива Ај-ем-ди-ди-би, Војко В, Кранкшвестер, Фокс, Хај фајв, Бунтаи, Смоук Марџелано и Хазе.

Влезниците брзо ги снемува – актуелните цени најдоцна до 15. април!
Си Стар фестивал ќе се одржи на 24-ти и 25-ти мај во егзотичната лагуна Стела Марис во Умаг, со Welcome Party на 23-ти и  Closing Party на 26-ти мај. Фестивалските влезници по промотивна цена од само 1999  денари, што е голема заштеда од 50% во однос на финалната цена, ќе бидат во продажба само до 15-ти април, или порано до истек на залихите, после што цената на комплетот влезници ќе биде поголема.

Сместување за Си Стар од само 7 евра!
Посетителите на Си Стар можат да резервираат ноќевање во премиум кампот, но и во апартмани, бунгалови, хотели, мобилни куќи, како и во луксузни вили на самиот брег на морето и тоа по цени од само 7 евра по ноќевање за камп и 8 евра дневно за апартман. Официјалната туристичка организација на Егзит фестивалот, EXIT Trip во понудата има и исклучително пристапни туристички пакети, кои покрај влезниците во понудата имаат и превоз и голема понуда на врвно сместување во Умаг, а цените се движат од 42 евра по пакет за сместување во премиум кампот. Одличната опременост, преубавата природа и дополнителните содржини, како и близината на морето и самиот фестивал ги праваат овие сместувања идеално место за полнење на енергијата потребна за супер фестивалски помин. Повеќе детали за туристичките пакети и сместувањето се достапни на официјалниот сајт на Си Стар фестивал.

Facebook Коментари