NO SLEEP: Загревање за EXIT со ARTBAT и голема open-air журка на 10 и 11 јули во Белград!

- Забава
474

Загревање за EXIT со ARTBAT и голема open-air журка на 10 и 11 јули во Белград!

Во духот на прославата на својот дваесетти роденден на Петроварадинската тврдина од 13 до 16 август, ЕГЗИТ (EXIT) фестивал спрема и големо белградско загревање на 10 и 11 јули под наслов „Но Слип Тил Егзит“ (No Sleep Till EXIT)! На просторот пред колосалните силоси „Житомлин“ во Дорќол, веднаш до Дунав, ќе настапи моментно најбараното диџејско дуо во светот АРТБАТ (ARTBAT), на кои ова ќе им биде прв меѓународен настап по четири месеци пауза! Ќе биде тоа воедно и прилика пред регионалната публика да го претстават нивниот нов планетарен хит „For A Feeling“, кој не се симнува од светските радио станици уште од објавувањето во април.

За таа песна и Дејвид Гета кажа дека е најдобрата која ја чул годинава, а уште во промотивниот период пред објавувањето ја вртеа и „Тејл Оф Ас“, Ани Мак, Пит Тонг, Тиесто и стоици други светски диџејски ѕвезди. Деновиве актуелна е и обработката на оваа песна во изведба на „Калеидоскор Оркестра“, познати по преработките и на други диџеи како што е на пример Скрилекс. Покрај украинското диџеј-дуо, во сабота 11 јули ќе настапат уште и регионалната диџејска икона Марко Настиќ, српскиот диџеј и продуцент во подем Коес (Coeus), како и еден од бардовите на белградската диџеј-сцена последниве години, Кристијан Молнар.

Само еден ден порано, во петок, 10 јули, пред силосите ќе настапат и маестралниот сплитски рапер Војко В, популарните белградски алт-рокери Артан Лилиалтер-панк бендот на Ида Престер МаиКА, хрватскиот хит-трапер з++ (z++), српската рап сензација Спејс Ноксикако и некогашниот диџеј од ФАМ колективот Ензи (Enzzy) и автор на најголемиот трап хит минатата година „Иде Гас“, БритниВикендот за загревање со кој и официјално почнува одбележувањето на 20-тиот роденден на Егзит, ќе го отвори мистериозниот диџеј и своевидната амајлија на ЕГЗИТ тимот, Лутеманиа.

Влезници од среда, а за ЕГЗИТ купувачите попуст од 50 до 100%!
Во среда, 17 јуни точно на пладне, пристигнува првата, строго ограничена количина на влезници за големото ЕГЗИТ загревање во Белград и тоа со првата, најповолна цена која ќе важи само 24 часа. Сите кои имаат влезници за ЕГЗИТ, можат својата влезница за првата ноќ да ја добијат сосема бесплатно, со задолжително пријавување преку овој краток онлајн формулар, а по пријавувањето неопходно е на настанот да приложат документ за лична идентификација, како и влезницата за ЕГЗИТ во физичка или електронска форма, за истата да биде валидирана на влезот и да продолжи да важи за ЕГЗИТ во август. Купувачите на ЕГЗИТ влезници остваруваат попуст и за сабота, па можат да ги купат тие билети со дури 50% попуст од актуелната цена. Попустот ќе можат да го искористат и идните купувачи на влезници за ЕГЗИТ а деталите се објавени на Gigstix.com.

Facebook Коментари