Данска е новиот светски шампион во ракомет

- Спорт
652
Репрезентацијата на Данска е новиот Светски ракометен шампион. Во финалето, Данците ја совладаа селекцијата на Норвешка со резултат 31:22. На овој мундијал ракометарите на Днаска имаат максимален учинок, односно десет победи од десет одиграни натпревари, така што до титулата стигнаа сосема заслужено. Со 72 годлови на првенството, од кои седум во финалето данскиот ракометар Микел Хансен  е најдобар стрелец на мундијалот. За Данска, ова е прва титула. Третото место на ова првенство го освои селекцијата на Франција
Следното Светско првенство ќе се одржи по две години, а домаќин ќе биде Египет.
Strugaonline
фото: 24 ракомет

Facebook Коментари