(ВИДЕО) Тони Цетински ја промовираше најновата љубовна балада „Чекам те“

Пејачот на годината во Хрватска, Тони Цетински, кој неодамна ја прими наградата „Оливер Дрегоевиќ“, во очи на месецот на вљубените ја претставува својата нова песна и спотот за истата. Станува збор за љубовната балада „Чекам те“, во соработка со еден од најдобрите и најнаградувани гитаристи, Елвис Станиќ. Оваа песна е дел од најновиот албум на Цетински насловен како „Као у сну“. Овој албум е со акустичен звуци и моментално е едно од најбараните и најпродавани музички изданија.
Strugaonline

